Им даде 43 поени на Хрватите, а по мечот рече дека бил добро чуван

Финска покажа дека не случајно е дел од кошаркарската елита откако ја победи Хрватска и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство. Херој на Финска беше Лаури Марканен кој постигна дури 43 поени.

Покрај 43-те поени, Марканен имаше и девет скока и по три асистенции и украдени топки. Вкупниот индекс на корисност на овој кошаркар беше дури 47. По мечот, Марканен изјави дека воопшто не било лесно да се постигнат толку многу поени.

„Воопшто не беше лесно. Противниците добро ме чуваа, но ова беше еден од оние мечеви на кои чувствувате дека секоја топка ќе биде кош. Се обидов да го направам тоа што мојот тим го бара од мене. Хрватска е одлична селекција. Не ми пречи тоа што за мене не зборуваат како што зборуваат за Јанис, за Дончиќ или за Јокиќ. Сакам само да го направам тоа што е добро за мојот тим и да бидеме што е можно подобри. Никогаш не сме стигнале до оваа фаза на ЕП, но ние уште не сме готови“, рече Марканен, кој успеа да постигне поени дури и кога имаше само една десетинка од нападот на Финска. 

- Оглас -

Најнови вести