Им дојде преку „глава“: Навивачите влегоа на сред натпревар за да го избркаат газдата од клубот (ФОТО)

Навивачите на Саутенд јунајтед одлучија да преземат драстични мерки влегувајќи на терен на сред натпревар, со цел барајќи оставка од сопственикот на клубот, Рон Мартин.

Тие истакнаа банер на кој пишуваше „Мартин оди си“.

Незадоволни од неговото раководење, симпатизерите на овој тим побара оставка, бидејќи во последните пет години, тимот се соочи со три испаѓања во пониски лиги. Од стабилен член во Лига 1 во Англија, сега се на работ од испаѓање од конференциската лига.

По денешниот пораз од Честерфилд од 4:0, челните луѓе на тимот му врачија оставка на тренерот Фил Браун само половина час по финишот.

Поради ваквиот инцидент, главниот судија на оваа средба покажа неверојатни 14 минути судиско продолжение.

 

- Оглас -

Најнови вести