Им ја „лапнаа“ и титулата и фудбалската икона

Рок Кронветер ќе игра за Марибор до 2021 година, а актуелниот првак на Словенија годинава успеа да забележи двојна победа против големиот ривал Олимпија.

Најпрво си ја вратија титулата, што лани ја освои клубот од Љубљана, а потоа го купија и нивниот играч Рок Кроневетер, кој е миленик на навивачите на Олимпија.

Кроневетер играше за Олимпија од 2015 година, а интересно е што е роден во Марибор, па новите шампиони на Словенија го претставија со „Добре дојде дома Рок“. Сезонава тој беше најдобар стрелец на Олимпија со 17 голови и втор на листата на стрелците во словенечкото првенство, зад Лука Заховиќ (18), кој ќе му биде соиграч од идната сезона.

Кроневетер има и неколку настапи за Словенија, а потпиша договор со Марибор до 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести