Им нема рамни во Карабао купот – Пехарот остана во витрините на Манчестер сити

Манчестер сити направи хет-трик победнички походи во Лига купот на Англија и по петти пат во послендите 7 години и трипати по ред во последните три сезони го освои пехарот.

Популарните Граѓани славеа победа од 2:1 на „Вембли“ против првиот освојувач на трофејот во ова натпреварување, екипата на Астон Вила.

Серхио Агуеро и Родри со по еден погодок во првото полувреме му донесоа голема предност од 2:0 на фаворитот, а надеж за Вила донесе Самата со погодок во 41. минута.

Возбудувањата спласнаа се до финишот на мечот, кога Енгелс ја погоди стативата и не успеа да израмни. Астон Вила е првиот победник во ова натпреварување и го крена пехарот во 1961 година, но остана на пет пехари во Лига купот.

Сити сега има 7, еден помалку од најтрофејниот клуб Ливерпул, а има шанса, ако и догодина слави да ги стаса Црвените од Енфилд и на вечната листа, но и да им го израмни подвигот од 1981 до 1984 година, кога Ливерпул четири пати по ред го освојуваше пехарот.

- Оглас -

Најнови вести