Им оди со италијанскиот тим – Црвена ѕвезда си соши петокрака против Милано (Видео)

Црвена ѕвезда повторно потврди дека ѝ лежи играта на Армани Милано и по петти пат во исто толку меѓусебни дуели во Евролигата го победи италијанскиот тим.

Вечерва во „Медиоланум форум“ пред околу 9 илјади гледачи гостите од Белград беа подобри и славеа со 77:67, оставајќи го тимот на Армани Милано без победа во меѓусебните дуели.

По првото полувреме домаќините имаа предност од 40:39, но беа слаби во третиот период, кога постигнаа само 10 поени за десет минути, па го загубија мечот.

Кај Црвена ѕвезда повторно одличен настап имаше Лоренцо Браун, кој беше и најдобар стрелец на мечот со 21 поен. Били Берон постигна 17 поени, а српскиот првак ја забележа третата победа по ред, вкупно петта во 12 меча сезонава во Евролигата.

Кај Милано, кој влета во криза со три порази по ред, само Серхио Родригес со 15 поени имаше двоцифрен учинок.

Италијанскиот тим има 7 победи и пет порази.

- Оглас -

Најнови вести