Им се смееја дека не може никого да победат, одговорија со 26 тројки (Видео)

Минесота тимбервулфс ја прекина серијата од 13 порази едноподруго во НБА лигата, триумфирајќи против Лос Анџелес клиперс со 142-115, и тоа благодарение на клупскиот рекорд по број на постигнати тројки. Шумските волци погодија дури 26 тројки, десет различни играчи погодија по тројка, а имаа сезонски рекорд од 39 асистенции.

Американците си правеа шеги на сметка на Минесота, после 13-тиот пораз велеа дека можеби тимот сака да врзе 24 порази едноподруго, во чест на Коби Брајант. Но, тие му дадоа 81 поен на Клиперс во првото полувреме, што е неславен сезонски рекорд на тимот од Лос Анџелес.

Данџело Расел си замина, но во реновираниот тим на сцена стапија Малик Бисли со прв дабл-дабл во кариерата и Џордан Меклафлин со 24 поени, што е негов личен рекорд. Карл Ентони Таунс за една асистенција не направи трипл-дабл.

Торонто репторс славеше со 119-118 против Бруклин нетс, и постави клупски рекорд од 14 победи по ред. Нетс губи на последните десет гостувања во Канада.

Погледнете го шутерското шоу на Минесота:

- Оглас -

Најнови вести