Им се стемни на Светците – Црвените ѓаволи израмнија рекорд на Лестер со победа од 9:0 (Видео)

Манчестер јунајтед го декласира Саутхемптон со победа од 9-0 и го израмни својот рекорд од 1995 година, кога Ѓаволите славеа со идентичен резултат против Ипсвич, но и оној на Лестер од 2019 година, во кој Светците исто така страдаа со девет примени погодоци (0-9).

Мечот почна лошо за популарните Светци, а дебитантот во првата постава на гостите, Александре Јанкевиц, беше исклучен во втората минута.

Црвените ѓаволи потоа сурово ги казнија гостите со 9 гола во мрежата на Мекарти. Стрелци беа Ван Бисака, Рашфорд, потоа автогол си постигна Беднарек, па прецизни беа и Кавани, Марсијал двапати, Мек Томинај, Џејмс и Фернандеш од пенал, по вториот црвен картон за гостите што го доби Беднарек.

Во вториот меч што се играше вечерва од 21.15 часот Кристал палас го победи Њукасл на гости со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести