Полошо не можеше – Првпат беше стартер во Премиер лигата, доби црвен картон по 90 секунди игра (Фото+Видео)

Александре Јанкевиц нема да го памети дебито за Саутхемптон како стартер во Премиeр лигата бидејќи беше исклучен само по 90. секунди игра на мечот против Манчестер јунајтед.

Швајцарецот брутално стартуваше со ѓон во дуелот со Мектоминеј и веднаш доби црвен картон. Ова му беше вкупно втор меч за Саутхемтпон во Премиер лигата, но и прв старт за Светците откако одигра неколку минути како резерва против Астон вила.

Јанкевиц до оваа сезона беше член на младинскиот тим на Саутхемптон за играчи до 23 години и сега беше приклучен во сениорскиот состав, но почетокот му е многу лош, со експресно исклучување вечерва на „Олд Трафорд“ во втората минута.

Стартот на 19-годишниот играч на Саутхемптон во дуелот со Скот Мектоминеј од втората минута можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести