Има 25 години, а веќе дал гол во четирите најсилни лиги во Англија

Мал број на фудбалери може да се пофалат дека постигнале голови во секоја од најсилните четири лиги во Англија, а денеска на таа листа се приклучи и играчот од средниот ред на Шефилд јунајтед, Џон Лундстрам. Овој 25-годишен играч погоди во 47-ма минута за победа над Кристал Палас, па голот со кој влезе меѓу легендите кои реализирале во Премиерлигата, Чемпионшип, Лига Еден и Лига Два, добива на важност, бидејќи донесе и три бода за неговиот тим.

Интересно за екипата на Шефилд јунајтед е што во првите две кола сезонава се појави со почетен состав во кој има исклучиво фудбалери од Велика Британија и Ирска. Такво нешто не се случило од 2012 наваму. Тогаш Норвич играше само со фудбалери од Британија.

За Шефилд, ова е прва премиерлигашка победа после 12 години, и сега имаат 4 бода од две кола. Кристал Палас во првите две кола уште нема постигнато гол.

- Оглас -

Најнови вести