Има 42 години и ќе игра за Пари Сен Жермен

Легендарната бразилска фудбалерка Миралдес Мациел Мота, позната како Формига, го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до 2021 година. Популарната Формига има 42 години и уште не планира да оди во пензија. Минатата година таа играше на рекордното седмо Светско првенство. За репрезентацијата на Бразил има одиграно 198 меча и постигнала 29 погодоци.

Бразилката во ПСЖ стигна во 2017 година и како капитен го предводеше тимот до освојување на Купот во 2018 година. Претходно има играно во родниот Бразил, а на интернационално ниво настапувала во Шведска и САД.

„Формига ќе ја игра својата 27-ма професионална кариера. Таа едноставно е легенда на женскиот фудбал“, соопштија од ПСЖ.

Минатиот септември со 41 година и 193 денови Бразилката стана најстариот стрелец во историјата на европските натпреварувања. Формига погоди во Лигата на шампионите против Спортинг од Брага.

Формига на португалски значи мравка, а оваа Бразилка е како атомска мравка. Со Бразил се има радувано на Купот на Америка во 2018 година. Шестпати играше на Олимписките игри во периодот од 1996 до 2016 година, а планира да ја заврши репрезентативната кариера на ЛОИ во Токио следната година.

- Оглас -

Најнови вести