Има две различни верзии зошто Хаверц не игра против Баерн

Неиграњето на одличниот млад напаѓач Каи Хаверц за тимот на Баер Леверкузен, изненади многумина, бидејќи немаше најави оти ќе го пропушти дербито против Баерн Минхен.

Хаверц беше снимен како седи на трибините со маска на лицето, а без него, Фармацевтите немаат големи шанси за изненадување. По првото полувреме, баварците водат со 3-1, а 20-годишниот Хаверц кој има дадено 35 гола во кариерата, веројатно е идна голема ѕвезда на германскиот фудбал.

Во некои медиуми, веднаш почна да се шпекулира дека тој не игра затоа што веќе договорил трансфер во Баерн, па првакот не сака Хаверц да биде закана за нив. Сепак, ова е само во доменот на шпекулациите и веројатно не е вистина. Официјалните информации за неиграњето на Хаверц се дека има повреда.

Минатиот викенд Хаверц доби удар во коленото и затоа не може да игра. Останува да се види дали тој ќе закрепне за дуелот против Сарбрикен во вторник во полуфиналето на купот.

- Оглас -

Најнови вести