Има и лажни вести: Дибала сепак нема Коронавирус!

Вестите за Коронавирусот се апдејтираат од минута во минута, но целата ситуација некои ја користат и за пласирање на дезинформации. Доцна синоќа беше објавено дека ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, е заразен од опасниот вирус. Ваквите инфорнации за Аргентинецот се појавија откако беше потврдено дека фудбалерот на италијанскиот првак Даниеле Ругани е заразен со Коронавирусот.

Сепак, Ругани не го пренел вирусот на Дибала и голгетерот на Јувентус се чувствува добро. Дибала заедно со уште 120 членови од Јувентус се наоѓа во изолација, а во понеделник треба да биде направено тестирање на сите од таборот на Старата дама.

 

- Оглас -

Најнови вести