Каква утка од епски размери – Играше за Ајакс, денеска се посрамоти како играч на уште еден европски првак (Видео)

Ришаиро Живковиќ, големото засилување на Црвена ѕвезда, имаше епска утка на мечот со ТСЦ Бачка Топола, а за невиденото промашување како алиби му е само што веднаш потоа беше досуден офсајд.

Некогашниот голем талент на холандскиот фудбал, кој играше за поранешниот европски првак Ајакс и буквално се посрамоти, денеска во дресот на уште еден ексшампион на Европа, Црвена ѕвезда.

За среќа на Живковиќ, и да дадеше гол немаше да важи бидејќи беше досуден офсајд, а и епската утка му се случи кога белграѓани веќе водеа со 3:2, резултат што беше и конечен на мечот со Бачка Топола.

 

- Оглас -

Најнови вести