Има многу тикети за едно голче, ама за овој е посебно штета

Сигурно нема обложувач кој барем еднаш во животот не успеал да фати некој тикет само за еден гол. Секогаш е штета кога само еден погодок недостасува за добивка, а на ливчето уплатено вчера само со три натпревари и вложени минимални 20 денари, добивката можеше да биде 600 евра.

Одиграно е на голови, и тоа на играта која нуди најголеми коефициенти, односно на 7+. Ференцварош и Залаегершег одигра вобудлив меч полн со голови, а на крајот домаќините победија со 5:3.

Во германскиот регион, вториот тим на Баерн Минхен немаше милост кон Росенхајм и Баварците победија со убедливи 8:1.

Мечот кој едноставно „не сакаше“ да излезе 7+, е Ѓирмот против Пакс во унгарското првенство, кој на крајот заврши нерешено 3:3, па само за еден погодок немаше одлична добивка на овој оптимистички тикет.

- Оглас -

Најнови вести