Има најави дека конечно ќе играме – Македонија против Косово во октомври?

Македонија и Косово веројатно ќе играат во октомври, во полуфиналниот нокаут-дуел за пласман на Европското првенство идната година. Вакви најави има од УЕФА, а конечната одлука за преостанатите квалификациски мечеви во различни сегменти од Лигата на нациите ќе биде донесена на 17 јуни.

Во Нион ќе се одлучи за термините во кои ќе се дојде до самата завршница, а победниците во Сегментите Б, Ц и Д ќе патуваат на ЕП, презакажано за идната година.

Октомври би бил таман за доигрување на полуфиналињата и на финалињата, а ќе се игра по еден меч во премиерното издание на Лигата на нациите, кое заглави неочекувано поради корона-вирусот.

Македонија и Косово требаше да играат во март, но токму во третиот месец букна пандемијата со Ковид-19, што доведе до застој и поместување и на баражите и на самото Европско првенство, кое наместо годинава, ќе се игра следното лето.

Мечот во Скопје веројатно ќе се игра без присуство на публика, но и тоа може да се смени ако се игра во октомври, какви што се најавите.

- Оглас -

Најнови вести