Има само три настапи во НБА, а ноќеска ги реши Воините во стилот на Кари со звукот на сирената (видео)

Сакраменто кингс го доби подготвителниот дуел против Голден стејт со минимални 114:113 по тројката за победа која ја погоди Кајл Гај со звукот на сирената.

Анонимецот приреди шоу во финишот така што ја зеде топката во последните пет секунди, го помина целиот терен и беше побрз од последниот свиреж. Гај ја постигна тројката во стилот на Кари, и тоа против тимот на трикраниот шампион, по што 23-годишниот кошаркар се истакна како најефикасен за Кралевите со 20 поени.

Сакраменто воедно си доби нов шутер во неоткриениот талент на Гај откако претходно остана без Богдан Богдановиќ, човекот кој беше задолжен да решава слични ситуации.

Од друга страна, ова е прв пораз за Воините во претсезоната, за кого не беа доволни ниту 29-те поени на Стеф Кари за да се избегне.

- Оглас -

Најнови вести