Има седум гренд-слем титули, со жените стигна до петка

Легендарниот романски тенисер Илие Настасе се ожени по петти пат, а неговата нова избраничка Јоана Симион е помлада од него 30 години.

Настасе е витален и во 73-тата година од животот и одлучи во Констанца со брак да ја круниса двегодишната врска со петтата по ред сопруга.

Романецот е само еден од десеттемина тенисери на сите времиња што има повеќе од 100 титули на АТП-турнирите. Беше и број 1 на светската ранг-листа, а се закити со 62 пехари во поединечна конкуренција и 45 во игра на двојки.

Настасе има вкупно и 7 гренд слем трофеи, а и тука во колекцијата ги измикса пехарите во сингл и во игра на двојки. Во поединечна конкуренција беше најдобар на Отвореното првенство на САД во 1972 година и едно лето подоцна во Лондон на Вимблдон, а има уште пет трофеи во игра на двојки на најценетите тениски турнири на планетата.

Настасе е првиот професионален спортист што успеа да потпише договор со познатиот бренд за спортска опрема „Најки“ во 1972 година.

Интересен податок што го објавија романските медиуми е дека сите гренд слемови што ги освои Настасе се во период кога неговата сегашна сопруга Симион не била родена.

- Оглас -

Најнови вести