Има скриена порака во прославата на головите на Мората

Алваро Мората синоќа на средбата Динамо Киев – Јувентус за првпат во кариерата даде два гола на еден меч од Лигата на шампионите, и двата гола ги прослави на ист начин, па многумина се прашуваа што му значи тоа испреплетување на прстите. Одговорот го даде неговата сопруга.

„Ланецот од прсти“ всушност е асоцијација за неговото семејство. Алваро и неговата жена Аличе Кампело имаат три деца, третото се роди во деновите кога Мората повторно премина во Јувентус и пак се пресели во Торино, каде што се запозна со сопругата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести