Има титула на ЕП, беше прв стрелец во Шпанија, а сега на 43 години доби и нов клуб

Златната генерација на шпанскиот фудбал започна во 2008 година, кога Црвената фурија стигна до првата европска титула на континенталниот турнир. Еден од хероите на Шпанија на тоа ЕП беше Даниел Гуиза, кој постигна два гола. Гуиза и сеа е активен, па иако има 43 години, тој не планира да се пензионира и потпиша нов договор.

Шестолигашот УД Ротен ќе биде нов клуб на Гуиза, а сите во клубот се задоволни.

„Европскиот првак ќе ни го донесе потребното искуство и голови“, стои на официјалана страна на УД Ротен.

Гуиза блесна во сезоната 2007/08, кога како играч на Мајорка ја заврши сезоната во шпанското првенство како прв стрелец со 27 погодоци. Со тие игри го заслужи местото во репрезентацијата, која во 2008 година стана европски првак за првпат. Гуиза даваше голови на дуелите против Грција во групната фаза и против Русија во полуфиналето.

Потоа Гуиза направи трансфер во Фенербахче, а три години подоцна се врати во Шпанија, каде што го носеше дресот на Хетафе. Потоа играше во Малезија и Парагвај, а последно играше за нисколигаш во Кадис.

- Оглас -

Најнови вести