Ксамакс, еден од најстарите и најпознати клубови во Швајцарија, поминува тешки денови. Клубот кој е формиран во 1912 година и зад себе има две титули во првенството (1987 и 1988) и три Купа на Швајцарија и официјално испадна од Втората лига на оваа земја.
На две кола до крајот во Челинџ лигата, јасно е дека Ксамакс ќе испадне и во следната сезона ќе игра во третата лига, која е на полупрофесионално ниво во земјата.
Со тоа што ќе игра во трета лига, Ксамакс ќе го има еден од најмодерните стадиони во Европа за екипа која игра во ваков ранг. Стадионот кој е изграден во 2007 година ги исполнува условите за УЕФА категорија. Тој има 12.000 седишта, а го доби прекарот „Ла Бомбоњера“.

Третата лига во Швајцарија е поделена во три групи со по 16 екипи, што значи дека во ова полупрофесионално натпреварување има вкупно 48 клубови.

