Има забивање и во хокеј, О`Рајли знае како (Видео)

И во хокејот има забивање, а како се прави тоа на мраз најубаво покажа напаѓачот на Сент Луис од втората постава, Рајан О`Рајли со гол во 43 секунда од четвртиот меч во финалето во НХЛ против Бостон.

Јунакот во победата на Сент Луис и буквално го заби пакот во мрежата на Тука Раск, кој и не виде од која страна го прими првиот од четирите гола.

Блус славеа со 4:2 и израмнија на 2:2 во големото финале за пехарот во Стенли купот, а сега серијата се сели во Бостон, екипа која има предност да игра меч повеќе на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести