Има златен медал од Светско фудбалско првенство, а сега е бездомник на 29 години!

Многу спортисти сонувале да имаат одлични кариери, но поради најразлични причини, нивниот сон наместо јаве, се претворил во кошмар. Таков е примерот со некогашниот уругвајски фудбалер Себастијан Канобра.

Во 2011 година, во финалето на Светското кадетско првенство играа Уругвај и Мексико, а на крајот се радуваа Уругвајците на триумф од 2:0. Со оваа победа Уругвај стана светски кадетски првак, а во финалето играше и Канобра, кој влезе како резерва во самиот финиш.

Канобра потоа доби шанса да заигра за еден од најголемите клубови во Уругвај, Пењарол.

„Заминав со еуфорија и големи очекувања, со желба да напредувам“, своевремено рече Канобра, но неговиот сон траеше многу кратко. Заработи повреда на лигаментите на коленото, а потоа рехабилитацијата траеше многу долго.

Се врати на теренот играјќи вов некои тимови од пониските лиги, а последниот меч го одигра во 2018 година. Едноставно неговата фудбалска кариера заврши неславно, а 13 години откако ја освои светската титула, Канобра сега е бездомник. Од него се откажа и семејството, а имал и проблеми со дрогата. Тој сега скита по улиците и спие каде ќе најде место.

„Ова е 29-годишно момче  кое скита по нашиот град. Бездомник е. Разговарав со него и тој ми ја раскажа неговата животна приказна. Ми побара помош, сака да има работа и добар живот“, напишал еден чивек на фејсбук профилот, кој подоцна по разните коментари што ги добил, ја избришал објавата.

Потоа со реакција се јавил и братот на Канобра, кој одлучил да ја каже својата страна од приказната. „Никој освен нас не знае низ што имаме поминато и како се обидувавме да му помогнеме до последен момент. Секој има право да коментира што сака, но ве молам да не коментирате ако не сте запознаени со темата“, била пораката од братот на несудениот фудбалер.

На крајот, дел од семејството на Канобра решила повторно да се обиде да му помогне, а помош била најавена и од Здружението на професионални фудбалери во Уругвај.

 

- Оглас -

Најнови вести