Имаат еден заразен од ковид-19 – Венеција ќе го пропушти рестартирањето во Серија Б

Еден играч на Венеција има поситивен тест на Ковид-19 и целиот тим ќе мора во дополнителен карантин од 14 дена, што значи дека второлигашот ќе го пропушти рестартот на сезоната во Серија Б.

Во петтата серија на тестирања еден тест покажал дека играч на 16-пласираниот тим во Втората италијанска екипа има симптоми на вирусот, па се очекува одлука за самоизолација.

Тоа значи дека Венеција речиси сигурно нема да игра на премиерниот меч против Порденоне на 20 јуни, што требаше да означи рестартирање на првенството за двете екипи.

Сличен случај имаше и во Втората германска лига кај Динамо Дрезден, па екипата паузираше три кола и потоа се приклучи на натпреварувањето.

Венеција на 10 кола до крајот на Серија Б бие битка за опстанок и има 32 бода на 16-тото место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести