Имаме фудбалски таленти – Младинците на Македонија лесно ја победија Албанија во Хрватска

Младинците на Македонија за играчи до 21 година лесно ја победија Албанија со 3:1 на пријателскиот турнир во Хрватска.

Ова за нашите фудбалски таленти беше прв меч на турнирот што го почнаа со успех и убава победа.

Поведовме во деветтата минута, а Албанија брзо израмни на 1:1 со погодок во 17. минута.

Сепак Македонија покажа дека е подобра во оваа возрасна категорија и со два гола во кус рок во второто полувреме, од 48. до 56. минута забележа триумф.

За три дена ќе играме со Саудиска Арабија  на турнир на кој учествува и домаќинот Хрватска.

 

- Оглас -

Најнови вести