Имане Келиф херојски дочекана во Алжир: Сите лажни обвинувања даваат посебен шарм на овој златен медал

Олимписката боксерска шампионка Имане Келиф имаше фантастичен пречек во својот Алжир по освојувањето на златниот медал во Париз, што беше проследено со бројни контроверзии.

Алжирската освојувачка на златен медал во полутешка категорија вчера пристигна во главниот град на својата земја заедно со другите медалисти, како гимнастичарката Кајлија Немур и тркачот Џамел Сеџати. Пречекот беше организиран од министерот за спорт Абдерахман Хамад, а до крајот на неделата, трофејните алжирски олимпијци ќе се сретнат и со претседателот Абделмаџид Тебуне.

Имане Келиф стана една од главните приказни на Олимписките игри во Париз откако нејзината ривалка Ангела Карини се повлече во првата минута од нивниот дуел. Италијанката, во солзи, изјави дека никогаш не добила толку силен удар.

По ова, јавноста „експлодира“, вклучувајќи и многу познати личности, кои го доведоа во прашање нејзиното учество и тврдеа дека е маж поради вишок на тестостерон.

„Осум години ова беше мојот сон, а сега сум олимписка шампионка и освојувачка на златен медал. Сите тие напади му даваат посебен вкус на мојот успех“, изјави Келиф пред собраните навивачи.

Алжирската боксерка поднесе тужба до париските власти, истакнувајќи дека била жртва на онлајн злоупотребување.

- Оглас -

Најнови вести