Имаше ли место за Јокиќ – Адетокумбо, Харден и Џорџ се кандидати за МВП

Џејмс Харден ќе има можност да го одбрани ланското признание за најкорисен кошаркар на сезоната во НБА лигата, откако е номиниран за престижната награда и за оваа сезона, заедно со Јанис Адетокумбо и Пол Џорџ.

На листата од тројца кошаркари го нема Никола Јокиќ, кој блескаше сезонава и во регуларниот дел и во плејофот.

НБА ги објави кандидатите и за тренер на годината, а во конкуренција се Мајк Буденолцер од Милвоки бакс, Мајкл Мелоун од Денвер нагетс и Глен Док Риверс од Лос Анџелес клиперс.

Лука Дончиќ ќе има можност да ја брани честа на Европа, откако Словенецот е номиниран во категоријата руки на годината, заедно со Тре Јанг од Атланта хоукс и Денадре Ајтон од Феникс санс.

Најдобар дефанзивец ќе се бира меѓу триото Адетокумбо, Џорџ и Гобер од Јута џез, а ќе има награди за најдобар шести играч и за кошаркар со најголем напредок.

Наградите ќе се доделуваат на 24. мај, ден кога две големи легенди на НБА кошарката, Лери Бирд и Меџик Ирвин Џонсон ќе добијат награди за животно дело.

- Оглас -

Најнови вести