Имаше ли „патриотски“ ливчиња? Тие што веруваа во Вардар, одлично заработија!

Денеска се слават точно 500 дена како Вардар го има приматот актуелен европски првак, а дека не случајно црвено-црните се континентални владетели речиси една и пол година, се потврди и вечерва во „Јане Сандански“.

Германскиот Фленсбург допатува во Скопје како голем фаворит. Фленсбург сезонава започна со три победи во Лигата на шампионите и три во домашното првенство. Германците успеаја да го победат Пари Сен Жермен во Париз, покажувајќи дека имаат сила за највисок пласман.

Сепак, кога се гостува во „Јане Сандански“, сите се свесни дека тешко може резултатски добро да поминат. Вардар во текот на целиот меч го газеше фаворизираниот ривал, но тоа не треба да биде многу за изненадување. За Црвено-црните ова е четврта победа во низа против Фленсбург.

Многумина го отпишуваат Вардар, а и обложувалниците го сметаа за аутсајдер пред денешниот меч. Победа на Вардар беше со коефициент 4.30, што значи дека за 1.000 вложени денари, се заработуваа 4.300 денари. Вардар и во минатата сезона честопати беше како аутсајдер на обложувачки план, но имаше повеќе „изненадувачки“ победи.

Ова што вечерва се случи против Фленсбург е само доказ дека сите наши навивачи треба да веруваа во силата на Вардар, а со тоа и да заработат солидно во обложувалница.

ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ, ВАРДАР ЈА ИМА СИЛАТА НА ЕВРОПСКИ ПРВАК!

- Оглас -

Најнови вести