Имаше од кого да учи: Стеф Кари како дете уживаше во мајсториите на Дражен Петровиќ (ФОТО)

Стеф Кари стана најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА-лигата.

Играчот на Голден стејт го надмина легендарниот Реј Ален и го потврди тоа што сите го мислеа многу одамна.

Кари многупати во минатото изјави дека Дражен Петровиќ бил еден од играчите којшто ги инспирирал и идолите, поради што ја засакал кошарката.

Тој пред неколку години ѝ испрати дрес на мајката на Дражен, Бисерка, специјално за музејот кој се наоѓа во Загреб.

Кари за првпат ги виде мајсториите на кошаркарскиот Моцарт на Олстар-натпреварот за три поени во Орландо, 1992 година, кога беше донесен од својот татко Дел Кари.

Стеф израсна во кошаркар од најдобар калибар, а оваа фотографија покажува како се воодушевува од Петровиќ додека Шутира.

- Оглас -

Најнови вести