Имаше зимско бањање пред култен стадион и еден куп уапсени

Очекувани инциденти имаше пред култниот стадион на Феенорд, „Де Кајп“, пред денешното дерби со Ајакс, кое е најголемо и најпознато во холандскиот фудбал.

За да се спречат поголеми инциденти меѓу навивачите на Феенорд и Ајакс, во познатото дерби Де Класикер полицијата користеше и водени топови.

Има дури 64 упасени за предизвикување инциденти, а на крајот се радуваа гостите.

Ајакс победи со 2:0 и му побегна на Феенорд за три бода, но сè уште е на второто место со 39 бода, зад ПСВ Ајндховен со 40 бода по 17 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести