Имате Sport Life клуб картичка, приклучете се и одиграјте Спортска прогноза!

Второто коло од новата сезона на Спортската прогноза е во тек. Може да се типуваат 13+2 пара до утре до 15.30 часот, до почетокот на првите натпревари што за Вас ги одбраа Sport Life и Спорт Манија.

Единствен услов во играта без услови е да поседувате Sport Life клуб картичка и да ја посетите интернет-страницата на реномираната обложувалница.

На мени се 13 интересни двојки од основната понуда за второто коло на играта што привлече големо внимание и, што е најважно, е бесплатна и едноставно се игра.

Треба само да се логирате со вашата СЛ картичка и да ги прогнозирате двојките во играта што нуди многу награди. Важно е да се погодат што повеќе двојки, секако и резервните два пара бидејќи носат поени за Генерален пласман.

Наградите се привлечни, за секое коло за беспрекорно одиграни и погодени 13 пара, следува прекрасниот мобилен телефон I-Phone XS, за погодени 12 двојки од основната понуда, ќе добиете ваучер од 1.000 денари, а за единаесетка, наградата е ваучер од 500 денари.

Во Генерален пласман за најдобриот прогнозер во оваа сезона, втора по ред на Спортската прогноза, следува наградатљ ТВ Смарт од 48 инчи. Ќе има добивки и за најуспешните пет играчи во конечниот редослед со СЛ поени за производи од маркетот на Sport Life.

Време за да се приклучите има, а првиот меч од новото коло е утре, од 15.30 часот, во Бундеслигата меѓу Келн и Борусија Менхенгладбах. Јарците се вратија во Првата германска лига и ќе се обидат да ја изненадат фаворизираната Борусија, екипа која лани играше одлично.

На менито имаме уште интересни дуели, внимание привлекуваат и дуелот меѓу Манчестер јунајтед и лисиците од Лестер, Алавес ќе се обиде да ја соопне Севилја, а се очекува и возбудливо француско дерби меѓу Монако и Олимпик Марсеј.

Одиграјте, бесплатно е и забавувајте се со Спортската прогноза и, секако, очекувајте награди од Sport Life!

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести