Имобиле го дели еден гол од вечноста во Лацио (ФОТО)

Чиро Имобиле го постигна 159. погодок за екипата на Лацио и со тоа се израмни на врвот на листата на стрелците во историјата на овој клуб со легендата, Силвио Пиола.

Прашање на време е само кога ќе биде постигнат тој, бидејќи голгетерот игра во неверојатна форма, а неговиот тим денеска ја одигра нерешено со Аталанта (2:2)

Напаѓачот го постигна голот за водство во 74. минута, откако по првиот дел резултатот беше 1:1.

Најпрвин Педро го отвори мечот во 18 минута, за да Дуван Запата во самата завршница од првото полувреме да израмни на 1:1.

Конечниот резултат го постави Мартен Де Рон во последните мигови од судиското продолжение.

 

 

- Оглас -

Најнови вести