Имобиле на невремето во Кротоне стана втор стрелец во историјата на Лацио (Видео)

Лацио триумфираше на гостувањето кај Кротоне со 2-0 во меч од Серија А кој одигра во многу тешки услови, поради потопен терен од силниот дожд.

Римските Орли поведоа со гол на Чиро Имобиле, што за актуелната Златна копачка беше 107-ми гол во дресот на Лацио, и со тоа се изедначи со легендарниот Џузепе Сињори на второто место на вечната клупска листа по број на голови во првенството. Прв стрелец во историјата на Лацио е Силвио Пиола со 143 лигашки погодоци.

Ова е голот на Имобиле кој најави дека Кротоне ќе загуби и ќе остане последен на табелата:

https://twitter.com/i/status/1330158934238355457

- Оглас -

Најнови вести