Имобиле стана најдобар стрелец во историјата на Лацио, „дожд“ од голови во Лигата на Европа (ФОТО)

Чиро Имобиле изби на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Лацио.

Одличниот напаѓач со голот против Олимпик Марсеј стигна до бројката од 160 и има еден повеќе од легендата на клубот Силвио Пиола. Тој ја затресе мрежата на францускиот тим во 49-тата минута, во мечот кој заврши 2:2

Домаќините поведоа со голот од пенал на Аркадјуш Милик (33′), а длабоко во судиското продолжение од првиот дел погоди Фелипе Андерсон за израмнување.

Конечниот резултат беше дело на Димтри Паје во 82-рата минута. Лацио сега стигна до бројката од седум бода во групата „Е“ и има три помалку од лидерот Галатасарај.

На натпреварите од 21:00 часот, видени се неверјатни 28 погодоци, односно по 3,6 во просек. Најефикасно беше во Португалија, каде што Брага со 4:2 го победи Лудогорец.

Црвена ѕвезда, пак, изгуби на домашен терен против Митјиланд со 1:0 и со тоа значително си ја закомплицира работата во групата „Ф“.

Милош Дегенек направи глупост и доби црвен картон, а кобната вечер за домаќините ја заокружи и автоголот на Гејлор Канга.

Динамо Загреб со 3:1 славеше над Рапид Виена, а на вечерашната средба одиграа без двајцата македонски репрезентативци. Стефан Ристовски  беше на клупата, додека Аријан Адеми е повреден.

 

ЛИГА НА ЕВРОПА

РЕЗУЛТАТИ

Антверп – Фенербахче 0:3

Баер Леверкузен – Бетис 4:0

Брага – Лудогорец 4:2

Црвена Звезда – Митјиланд 0:1

Динамо Загреб – Рапид Виена 3:1

Ференцварош – Селтик 2:3

Лестер – Спартак Москва 1:1

Олимпик Марсеј – Лацио 2:2

 

- Оглас -

Најнови вести