Чиро Имобиле со голот од пенал кој го постигна вечерва на гостувањето на Лацио кај Специја, стана десеттиот фудбалер во историјата на Серија А со 150 голови во дресот на еден ист клуб.
Пред Имобиле, такво нешто имаа направено само легендите Франческо Тоти (Рома), Гунар Нордал (Милан), Џузепе Меаца (Интер), Антонио Ди Натале (Удинезе), Алесандро Дел Пјеро (Јувентус), Џампјеро Бониперти (Јувентус), Луиџи Рива (Калјари), Габриел Бастистута (Фиорентина) и Курт Роланд Хамрин (Фиорентина).
Тоти е неприкосновен со 250 лигашки голови за Рома.
Инаку, лацијалите ја победија Специја со 4-3, а победничкиот гол го даде Ачерби во 90-та минута.