Продолжува пропаста на Императорот – Дрогата и алкохолот го уништија Адријано (Видео)

Адријано Леите Рибеиро беше една од најголемите фудбалски ѕвезди на почетокот на овој милениум, но по пензионирањето му се врати на стариот стил на живот во фавелите во Бразил.

Освојуваше титули со Интер, претходно блескаше во Парма и најави дека ќе биде еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, но фудбалската ера во вистинско светло му траеше само 7 години.

Потоа им се врати на старите навики, во Бразил живее во фавела, а постојано е во друштво со сомнителни ликови и под дејство на алкохол и дрога.

И најновата видео-снимка од Бразил само потврдува дека некогашниот раскошен фудбалски талент и потенцијал брзо чекори кон сопствена пропаст.

Го нарекуваа Императорот поради доминацијата на теренот, но сега е видливо дека воопшто и не може сам да се движи од преголема доза на алкохол и опојни средства.

- Оглас -

Најнови вести