Ињаки Вилијамс се разбуди и се разигра и со една асистенција и гол беше најзаслужен за прекин на проклетството без победа на Атлетик Билбао во Ла Лига.
Вилијамс со одлично додавање до Мунијаин му помогна на гостинскиот тим да поведе со 1:0, потоа Селта израмни со погодокот на Белтран, но повторно на сцена стапи напаѓачот на Атлетик.
Ињаки беше прецизен во 54. минута, па конечно и Атлетик носи три бода во Билбао, за првпат сезонава како гостин. Досега имаа пет порази и три ремија на гостувањата во најквалитетната фудбалска лига во Шпанија.
Причина за радост има и тренерот на Атлетик, Гаизка Гаритано, кој е без пораз на четири меча, откако го замени Едуардо Берицо на клупата на Баскијците.
По победата вечерва во Виго, Атлетик побегна од зоната на испаѓање и со 19 бодови е на 17. место во Ла Лига.
Селта има четири бодови повеќе на 14. место.