Ињаки Вилијамс веќе е легенда на Атлетик Билбао, по 500-ти пат ќе игра за клубот

Во 14 часот кога судијата ќе означи почеток на мечот Жирона – Атлетик Билбао, крилниот напаѓач Ињаки Вилијамс ќе стане осмиот играч во историјата на баскискиот клуб кој имал 500 настапи во дресот на Атлетик.

Ињаки ќе премине бариера што малкумина ја надминале пред него, само Хозе Анхел Ирибар (614 натпревари), Оскар Де Маркос (573), Икер Мунијаин (560), Чечу Рохо (541), Хозеба Ечеберија (514), Андони Ираола (510) и Маркел Сусаета (507) имаат повеќе настапи за Билбао од него.

Постариот од браќата Вилијамс го имаше своето деби за првиот тим на Атлетик на 6-ти декември 2014 година, против Кордоба, исто така под раководство на Ернесто Валверде кој и сега му е тренер во Билбап. 

Ињаки е роден во Билбао, но поради работата на неговите родители, се преселил во Памплона, каде што е роден неговиот брат Нико. Во 2012 година, тој потпиша за младинскиот тим на Атлетик Билбао, каде што сруши рекорди за постигнување голови во една сезона. Во 2013 година, Атлетик Билбао го потпиша Нико, кој беше запишан во младинската академија на Осасуна, и ги обедини браќата и нивната мајка во стан. Клубот, исто така, ѝ помогна на мајката Марија да најде работа.

Брз и неуморен, помеѓу 20 април 2016 година и 22 јануари 2023 година, Ињаки не пропушти ниту еден натпревар во лигата: одигра 251 последователен натпревар, поставувајќи нов рекорд. На средина од таа серија, имаше можност да потпише за Ливерпул, кои беа подготвени да ја платат неговата клаузула за ослободување од 80 милиони евра, но тој одлучи да го продолжи договорот со Атлетик. Ова беше од благодарност кон Атлетик и затоа што неговиот најголем сон беше да игра покрај својот брат

- Оглас -

Најнови вести