Индонезија им забрани влез на израелските спортисти за СП во гимнастика

Индонезија нема да им дозволи влез на гимнастичарите од Израел кои требаше да учествуваат на Светското првенство во Џакарта, кое ќе се одржува од 19 до 25 октомври.

Властите во оваа земја немаат дипломатски односи со Израел и не дозволуваат влез на нивни државјани сè дека не биде признаена независноста на Палестина. Од Министерството за спорт велат дека оваа одлука е согласно со државната политика на Индонезија, а од Сојузот за гимнастика тврдат дека имаат поддршка и од Меѓународната гимнастичка организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести