Иранската фудбалска репрезентација ќе се натпреварува на Светското првенство во 2026 година, рече претседателот на Светската фудбалска федерација, ФИФА, Џани Инфантино, на 76-тиот Конгрес на ФИФА во Ванкувер.
„Има доволно проблеми низ целиот свет. Има доволно луѓе што се обидуваат да го поделат светот. Ако никој не се обиде да обедини, што ќе се случи со нашиот свет? Мораме да го направиме тоа и имаме оваа можност. Секако, иранскиот тим ќе игра. Мора да се обединиме и да воспоставиме врски меѓу луѓето. ФИФА го обединува светот. Секогаш мора да одржуваме позитивен став“, рече Инфантино.
САД и Израел започнаа голема воена операција против Иран кон крајот на февруари. Моментно е на сила привремено примирје.
Мундијалот почнува на 11-ти јуни. Иран треба да ги игра сите натпревари од групната фаза на Светското првенство во 2026 година (против Нов Зеланд, Белгија и Египет) во САД. Интересно е што ако Иран и САД завршат како второпласирани во своите групи, ќе се сретнат меѓусебе во осминафиналето.
Но, претставниците на Иранската фудбалска федерација беа единствените од 211-те земји-членки на ФИФА кои не присуствуваа на конгресот на ФИФА во Ванкувер денес.
Двајцата делегати на кои канадските власти им доделиле визи одлучиле да не присуствуваат откако на друг член од нивната група му бил одбиен влез во Торонто и со првиот авион одлетале за Турција. И покрај ова, Инфантино го започна својот говор пред Конгресот инсистирајќи дека иранската репрезентација ќе учествува на Светското првенство оваа година.
Македонија на Конгресот ја претставуваат Масар Омерагиќ, Горан Пандев и Леонид Јандреоски.


