Погребот на Кралот се пренесува во живо: Претседателот на ФИФА направи селфи покрај телото на Пеле

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, беше во Бразил за да му оддаде последна почит на Кралот на фудбалот, Пеле, кој почина на 82 години од рак на дебелото црево.

Ковчегот со телото на Пеле беше ставено на стадионот на Сантос, клубот во којшто легендарниот Бразилец ја помина речиси целата своја кариера. Илјадници навивачи, пријатели, но и важни личности од различни сфери на живеењето му оддадоа почит на Пеле, а еден момент посебно ги налути дел од навивачите.

Инфантино, кој се наоѓаше само на два-три метра од телото на Пеле, реши да прави „селфи“ со пријателите. Денеска токму од стадионот на Сантос, телото на Пеле ќе замине во вечното почивалиште.

Погребот на Пеле во живо може да го следите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести