Астон Вила уште еднаш потврди зошто е едно од најпријатните изненадувања во Лигата на шампиони. Тимот од Бирмингем повеќе од 40 години немаше играно во елитното натпреварување на УЕФА, а сега покажува дека сосема заслужено има место меѓу најдобрите.
Во пет меча Астон Вила прими само еден гол и со 10 освоени бодови е во трка за Топ 8 местата кои водат директен пласман во осминафиналето. Малку фалеше за вечерва навивачите од Бирмингем да имаат лудо славје, но на крајот нивниот омилен тим одигра 0:0 против Јувентус.
Се играа буквално последните моменти од мечот кога Астон вила имаше слободен удар, топката беше нафрлена во шеснаесетникот, а по еден воздушен дуел, голманот на Јувентус почна да се жали на поведа. Астон вила даде гол, но главниот судија по сигнализација на ВАР системот, реши да го поништи погодокот, па на крајот резултатот остана 0:0.