Иниеста: Барселона не го искористи доволно Меси, требаше да освои повеќе титули во ЛШ

Андрес Иниеста, човекот кој придонесе многу за успесите на Барселона во изминатите 15-тина години и кој го даде голот со кој Шпанија првпат стана светски првак, жали што каталонскиот гигант не го искористил доволно присуството на генијалецот Лионел Меси во своите редови. Според Иниеста, Барса со Меси морала да освои повеќе трофеи во Лигата на шампионите.

Иниеста во 2018 година си замина од Барселона и премина во јапонскиот тим Висел Кобе.

„Со Лео во составот, Барселона сигурно требаше да има повеќе трофеи во ЛШ. Но во фудбалот ништо не е лесно, играш против тимови кои исто располагаат со многу квалитет”, изјави Иниеста во интервју за аргентински „Оле“.

Иниеста кажа и што мисли за критиките кон Меси што тој успеа да ја однесе Аргентина до титулата на СП или на Копа Америка.

„Аргентина има феноменални фудбалери, го има и најдобриот. Да, недостасуваат трофеите, но на пример, во финалето на СП 2014 против Германија одлучуваа мали детали. Ако тој меч се игра повторно, сликата би била поразлична”, вели Иниеста, кој веројатно сакаше да ги утеши Аргентинците кои последен пат освоија Мундијал во веќе далечната 1986 година.

На прашањето кој е подобар, Меси или Кристијано Роналдо, Иниеста даде логичен одговор бидејќи играше заедно со Аргентинецот.

„Меси прави разлика на секаков начин, може да игра на повеќе позиции. Тој може да направи хет-трик, но и да направи три асистенции. За мене, тој е најдобриот“, заклучи Иниеста.

- Оглас -

Најнови вести