Иниеста и Вилја делат лекции во јапонската лига (Видео)

Некогашните шпански репрезентативци и соиграчи од Барселона, Давид Вилја и Андрес Иниеста, денеска на мечот Висел Кобе – Нагоја од јапонската лига, потсетија на своите најдобри денови. Тие со по два гола, од кои по еден од пенал, беа творци на триумфот на Кобе од 5-3.

Кобе водеше со 1-0, 2-1 и 3-2, гостите изедначуваа, а потоа во последните десетина минути Вилја погоди од пенал за 4-3, додека Огава даде убав гол за запечатување на триумфот.

И покрај оваа победа, Кобе е во долната половина на табелата, на 11-то место (има 18 тима) со скромни 21 бод од 17 меча, но во последните пет кола не знаат за пораз, откако претходно имаа долга губитничка низа.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=210&v=J_GzRbfwLMY

- Оглас -

Најнови вести