Ињиго Мартинес се правда по скандалот со Франческо Ачерби: „Не го плукнав него!“ (Видео)

Дефанзивецот на Барселона, Ињиго Мартинес, се најде во центарот на скандалот на полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите против Интер (Милано) откако телевизиските камери го уловија како плука во насока на Франческо Ачерби – стрелецот на израмнувачкиот гол за 3-3.

Натпреварот, кој заврши со драматична победа на Интер од 4-3 по продолженија, понуди голема доза емоции, а инцидентот се случи непосредно по голот од пенал на Хакан Чалханоглу, кој предизвика бурна реакција кај играчите на Барса.
Мартинес се обиде да го дестабилизира турскиот репрезентативец пред ударот, што не му се допадна на искусниот Ачерби, кој остро му приговори по постигнатиот гол.

Во моментот кога играчите на Интер славеа, камерите го уловија Мартинес како плука во насока на Ачерби. Италијанецот веднаш реагираше протестирајќи кај главниот судија Шимон Марчињак, но немаше реакција ниту од судијата, ниту од ВАР-собата.

Иако беше избегнат црвен картон, ситуацијата не остана незабележана, а шпанскиот дефанзивец подоцна даде изјава за „Ел Мундо депортиво“.

„Ачерби го прослави голот така што ми врескаше во уво. Се налутив, но не го плукнав него. Ако тоа беше намерно, веднаш ќе бев исклучен“, истакна дефанзивецот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести