Иновација на Дешамп, планира играчот на Реал Мадрид да го користи како лев бек

Тешката повреда на Лукас Ернандес, ја остави француската репрезентација со само еден лев бек на Светското првенство во Катар, тоа е братот на Лукас, Тео Ернандес.

Селекторот Дидие Дешамп се најде во непријатна ситуација, а бидејќи веќе нема право да повикува нови играчи, мора да се снаоѓа со тоа што го има во Катар и да „измисли“ нов лев бек.

Изборот падна на Едуардо Камавинга. Фудбалерот за врска е левучар, на еден контролен меч одиграл како лев бек и тоа доста добро си ја завршил работата, па тој е резервна варијанта ако Тео треба да добие одмор на некој меч.

- Оглас -

Најнови вести