Инсиње бара од Наполи годишна плата од 5 милиони евра, има клуб што му дава седмица

Лоренцо Инсиње, капитенот на Наполи, очекува да излезе од карантин откако имаше позитивен тест на ковид-19, но за него засега нема позитивни вести од клубот каде што ја почна кариерата и сè уште игра.

Иконата на Наполи не може да се договори со раководството за продолжување на договорот што му истекува оваа сезона.

Инсиње бара годишна плата од 5 милиони евра, а Наполи му нуди 3,5 и плус бонуси. Јазот е премногу голем, но за Лоренцо има понуда, и тоа многу подобра дури и од сумата што ја бара од Наполи.

МЛС-лигашот Торонто сака да го ангажира напаѓачот на Наполи, а понудата е двојна од таа на Наполитанците и изнесува 7 милиони евра годишна плата.

Се шпекулираше дека за Инсиње се заинтересирани и Интер и Тотенхем, но од Неапол објавија дека засега во клубот не пристигнала ниту една понуда од овие два клуба.

 

- Оглас -

Најнови вести