Инсиње не сака нов договор, Наполи ќе го продаде за 25 милиони евра

Лоренцо Инсиње не сака да го продолжи договорот со Наполи, клуб во кој е од 2006 година, па можно е да биде продаден. Според „Газета Дело Спорт“ за него Наполи ќе бара отштета од 25 милиони евра.

Инсиње е капитен на Наполи и во професионалната кариера секогаш бил член на овој клуб, иако трипати беше позајмуван во Кавезе, Фоџа и во Пескара на почетокот на кариерата во сезоната 2010/11 и една сезона потоа.

Лоренцо има 30 години и летово со Италија ја освои европската круна, но Аурелио Де Лаурентис, контроверзниот сопственик на тимот за кој игра и Елиф Елмас нема милост и се закани дека ќе го продаде Инсиње, ако не го продолжи договорот.

За офанзивецот на Наполи и на италијанската репрезентација има неколку заинтересирани клубови во Италија, но и во останатите топ-5 лиги во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести