Инспиративна прослава на гол – Запрете ја злоупотребата на оружјето (видео)

Фидалелфија јунион ноќеска запиша убедлива победа од 5-1 на гостувањето кај Ди-Си јунајтед во Вашингтон. Капитенот на гостите, Алехандо Бедоја, ја најави голедата во третата минута од мечот, а при прославата на голот направи нешто невообичаено за еден фудбалски натпревар.

Бедоја истрча до најблискиот микрофон кој е поставен покрај аут линија и извика: „Се моли Владата да преземе мерки и да се запре злоупотребата на оружјето“, по што доби овации и од навивачите на домашната екипа.

Американскиот репрезентативец не случајно се обидува да ја покрене свеста на народот, но и власта на САД да се стави крај на прекумерната употреба, поточно да се отстрани законот кој дозволува продажба и откуп на оружје.

Само еден ден претходно во супер-маркет во Ел Пасо, Тексас, животот го загубиле 20 лица, а повредени се уште 26 во огнена престрелка, а само годининава повеќе од 1.000 луѓе биле жртви на ваков тип на насилство.

- Оглас -

Најнови вести