Интер победнички прегрме голема пречка, Аталанта не постигна гол по 500 минути во Серија А (Видео)

Интер успеа да освои исклучително важни бодови со победа од 1:0 против Аталанта и останува прв фаворит за Скудетото во Италија. Стоперот Милан Шкрињар беше стрелец на единствениот гол на дербито, а словачкиот репрезентативец го реши мечот со прецизен удар во 54. минута.

https://twitter.com/BASSAM0034/status/1369030042513244167?s=20

Аталанта која е веднаш зад Интер по бројот на постигнати голови, вечерва ја прекина серијата од 8 натпревари во Серија А на кои постигнуваше најмалку по едден погодок.

Интер е прв на табелата со 62 бода, шест повеќе од Милан и 10 пред Јувентус и  топ фаворит за титулата. Аталанта е на петтото место со 49 бода, а пред нив е и Рома со 50 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести