Интер бараше службена победа, но сепак ќе мора да игра за да ги освои трите бода

Италијанскиот првак Интер повторно ќе мора да патува во Болоња за да го одигра мечот против домашниот тим во италијанското првенство. Според распоредот во Серија А, Интер на стадионот „Ренато Делара“ требаше да гостува на 6 јануари, но тогаш домашните фудбалери не се појавија на теренот.

Играчите на Интер беа подготвени да играат, но во екипата на Болоња имаше голем број заразени фудбалери, па дуелот не се одигра. Нераѕурите побараа да добијат службени три бода затоа што тие беа подготвени да играат, но ваквото нивно барање беше одбиено и средбата сепак ќе се игра.

Според новиот термин, Болоња и Интер ќе играат на 27 април, а гостите се фаворити за победа. Овој меч може да биде многу важен за Интер во трката за титулата. Со меч помалку, Нераѕурите имаа 66 бодови, два помалку од лидерот Милан, што значи дека со евентуална победа, Интер ќе биде во пол-позиција за титулата со еднаков број на одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести